Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Клетвата „Кирикочо“ – Киелини потврди дека го „проколнал“ Сака 🎥

Клетвата „Кирикочо“ – Киелини потврди дека го „проколнал“ Сака 🎥

Џорџо Киелини потврди дека му „фрлил“ клетва на Букајо Сака, 19 годишниот тинејџер кој го промаши клучниот пенал па Италија стана Европски шампион.

Моментот пред сака да шутне Киелини извика „Кирикочо“. Тоа е збор кој години наназад фудбалерите го користат да нанесат штета на противникот. Киелини за „ЕСПН“ во разговор со новинарот Кристијан Мартин дефанзивецот на Италија тоа го потврди.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Инаку Киелини дека извикува „Кирикочо“ беше случајно забележан на снимка од УЕФА.

КАКО НАСТАНАЛА КЛЕТВАТА „КИРИКОЧО“?

Хуан Карлос навивач од 80-тите со прекар Кирикочо бил жесток навивач на Естудијантес и тој ги посетувал тренинзите на клубот. Меѓутоа тренерот на клубот во тоа време Карлос Билардо забележал дека неговиот фудбалери мистериозно се повредувале кога тој бил на тренинзите.

Тогаш Билардо побарал Кирикочо да оди на тренинзите на нивните противници и информациите од тој период велат дека таа „магија“ функционирала.

„Беше навистина добро дете, но од тогаш повеќе не го видов. Последен пат го предводев Естудијантес во сезоната 2003/2004 тогаш се распрашав за него, но никој ништо не знаеше“, изјаив Билардо.

Така легендата „Кирикочо“ се раширила помеѓу фудбалерите во Аргентина, а подоцна и во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…