Дома Трансфер зона Клазулата на Малком е вистинска „ситница“, може ли на Барселона да и се повтори нов „Нејмар“?

Клазулата на Малком е вистинска „ситница“, може ли на Барселона да и се повтори нов „Нејмар“?

Бразилецот кој беше најголемата „кражба“ на фудбалер во последно време, започна со тренинзите во Барселона.

Барселона ги изненади сите кога го ангажираше десното крило на Бордо, Малком. Се очекуваше Бразилецот да ја засили Рома, се беше договорено помеѓу клубовите, но во „5 до 12“ се појави Барселона и го „украде“, Малком од „пред носот“ на Рома.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Малком беше претставен пред медиумите како нов фудбалер на актуелниот шампион на Шпанија, изјави дека е среќен што доаѓа во така голем клуб и како и дека ќе има прилика да игра според него најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси.

Покрај претставувањето во медиумите се појави и вест дека Малком во договорот има откупна клазула од 180 милион иевра.

Познато е дека Барса и Реал ставаат атрономски клазули во договорите на своите играчи со цел да ги одбијат заинтересираните страни, но 180 милиони во денешниот фудбал не е сума која не може да се плати.

Всушност, Барселона тоа најдобро го знае во случајот на Нејмар кој премина во ПСЖ за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…