Новиот кинески првологаш Тианжин планира ова лето да го раздрма европскиот пазар како ниту еден кинески клуб до сега.
Имено, моментално десетопласираниот тим во кинеската Супер лига сака во своите редови да го донесе голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг. За таа цел веќе спремил 80 милиони евра за германскиот клуб и неверојатни 50 милиони евра по сезона за Африканецот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Доколку овој трансфер се реализира Обамејанг ќе стане најплатениот фудбалер на светот, далеку поплатен од Карлос Тевез кој моментално во Кина заработува 38 милиони евра.
Меѓутоа, Кинезите не се единствените кои се интересираат за голгетерот. Тука е и ПСЖ кој му нуди 14 милиони евра по сезона, но и играње на највисоко ниво.
Медиумите тврдат дека Габонецот сака луксуз, купува скапоцени автомобили, уникати и поради тоа тој е спремен да ја прифати понудата од Кина.
Обамејанг има 27 години, најдобрите за еден фудбалер, па сигурно за него би било добро да остане во Европа и да игра на највисоко можно ниво, а што ќе избере, останува да видиме.