Франк Кеси минатото лето пристигна од Аталанта и веднаш се наметна како еден од најважните играчи на Милан.
Кеси е едноставно незаменлив во тимот на Гатузо и веќе се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, иако има само 21 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ добиле богата понуда од Пекинг Гоан. Имено, кинескиот клуб му понудил годиншна плата од 10 милиони евра, но и покрај тоа Кеси сака да остане на „Сан Сиро“.
Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска го привлече вниманието и на многу европски гиганти, особено на ПСЖ кој спрема богата понуда за да го донесе во Париз.
Меѓутоа Милан не ни размислува да се раздели со еден од најдобрите свои фудбалери, па веќе започнал преговори за продолжување на соработката за фудбалерот.