Дома Трансфер зона Кина му здодеа, се враќа во Европа: За него се интересираат клубови од Англија и Италија

Кина му здодеа, се враќа во Европа: За него се интересираат клубови од Англија и Италија

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Монако, Јаник Фереира Караско е решен да се врати во европскиот фудбал.

Тој пред околу една година на изненадување на многумина ги напушти редовите на Атлетико Мадрид и го засили Далијан Јифанг, заедно со Нико Гаитан. Заминувањето во Кина не му влијаеше со репрезентацијата на Белгија да се најде на Мундијалот во Русија, каде што го освои и третото место.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во јануари беше на радарот на Милан и Арсенал, а двата клуба и понатаму се заинтересирани да го доведат во своите редови. Покрај нив е и Интер кој покажа интерес за Караско, како и Манчестер Јунајтед.

„Мојата идеја е да се вратам во Европа. Во јануари имаше клубови кои беа заинтересирани за мене, но мојот клуб не сакаше да ме задржи, се надевам на враќање во иднина“, изјави Караско.

Белгијанецот во дресот на Атлетико, во кој во 2015. година пристигна од Монако, постигна 23 гола на 124 настапи, играше и финале во Лигата на Шампионите 2016. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака ѕвездата на Лион

Раководството на Јувентус покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Чер…