Дома Фудбал Англија Кин разочаран: Ова е тажно за гледање

Кин разочаран: Ова е тажно за гледање

Манчестер Јунајтед со катастрофална игра ги разочара своите фанови и беше поразен од Ливерпул со убедливи 4:0.

Во дербито кое се играше на „Енфилд“ Јунајтед беше целосно надвор од натпреварот и во ниту еден момент не изгледаше како закана за тимот на Клоп. После натпреварот големо разочарување изрази Рој Кин кој во една реченица ја опиша целата ситуација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум лут, ова е само тажно за гледање“, изјави Кин после натпреварот.

Ралф Рагник никако не успева да ги подобри резултатите откако дојде на местото на Оле Гунар Солскјер. Камерите на „Олд Трафорд“ вчера го забележаа и легендарниот Сер Алекс Фергусон кој изгледаше целосно разочарано поради она што се случува на теренот.

Треба да се потсети и дека Ливерпул вкупно со победата од 5:0 во првиот дуел оваа сезона на Манчестер Јунајтед му даде девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете ја статистиката на Винисиус во историскиот срам на Реал Мадрид

Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Албасете приредија изненадување победувајќи го Реал Ма…