Во Италија продолжуваат реакциите откако стоперот на Јувентус, Џорџо Киелини ја објави својата автобиографија под име „Јас, Џорџо“.
Прво во јавноста многу се коментираа неговите зборови за Марио Балотели и Фелипе Мело.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Балотели е негативец кој никого не почитува, па ниту тимот. Некои луѓе го сметаа за еден од најдобрите пет напаѓачи во светот, но за мене тој не не е ниту во топ 20“, изјави за Балотели, додека Мело го опиша како најлош од сите:
„Фелипе Мело е најлошиот помеѓу најлошите. Не можам да ги поднесам луѓето кој не покажуваат почит кон никого и кои секогаш одат контра. Додека беше тука атмосферата секогаш беше на работ на инцидент. На директорите им кажав дека тој е скапано јаболко во тимот“.
Со Балотели сепак вчера во една ТВ емисија во која гостуваа и двајцата си „пружија рака“. Киелини призна дека погрешил, додека Балотели искрено му кажа дека му „забил нож во грб“, но и покрај тоа уште го сака (повеќе тука).
Сега на ред дојде Антонио Конте кој иако важи за легенда на Јувентус сепак седна на клупата на најголемиот ривал на „старата дама“, Интер.
„Му простив за тоа што го избра Интер. Тоа го направив само затоа што добро го познавам и поради тоа што го сакам, освен тоа знам дека е сериозен професионалец“.
Сепак, верува дека и на Конте уште не му е сеедно што го води Интер.
„Сигурен сум дека се уште има ноќи во кои не може да заспие, веројатно и денес кога го гледа грбот на Интер не е сигурен дали донел добра одлука. Јас си стојам зад тоа дека Јувентус е подобар од Интер. Меѓутоа треба да се знае дека во фудбалот не победува најдобриот, туку најконстантниот“.