Дома Фудбал Италија Киелини најави кога би можел да се пензионира

Киелини најави кога би можел да се пензионира

Капитенот на Јувентус и репрезентацијата на Италија, искусниот Џорџо Киелни не ја исклучува можноста да се пензионра по Европското првенство кое треба да се одига наредното лето.

Киелини на почетокот на минатата сезона заработи сериозна повреда од која се уште во целост не се опоравил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа Киелини е добро пред почетокот на новата сезона и е спремен да продолжи. Сепак, не ја исклучува можноста да стави крај кариерата по ЕП.

„Не знам, би било убаво така да се заврши. Не можам таа опција да ја исклучам. Да ви кажам искрено, ако стигнам до Европското првенство тоа ќе значи дека повторно сум на високо ниво. Би бил среќен кога би ја крунисал годината на тој турнир. Не сакам сега да размислувам што би можело да се случи“.

„Минатата сезона не играв и немав континуитет. Сега сакам да играм што е можно повеќе и да уживам во она што го правам. Во овие години не можете да правите долгорочни планови“, изјави 36 годишниот стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…