Враќањето на Бонучи во Јувентус во зделка во која ќе бидат вклучени напаѓачот Игуаин и стоперот Матија Калдара веќе се смета за завршена работа и официјална потврда се очекува во секој момент.
Бонучи минатото лето го напушти Торино и се пресели во Милано и до тој момент, а посебно и после жестоката прослава на голот против „старата дама“, навивачите на овој клуб го сметаат за предавник и поголемиот дел не се задоволни од ваквата зделка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поголемиот дел од навивачите на Јувентус сметаат дека нивниот тим прави огромна грешка со враќањето на искусниот стопер, откажувајќи се од младиот и надежен Калдара.
Сега за трансферот на Бонучи зборуваше неговиот пријател и соиграч од репрезентацијата Џорџо Киелини.
„Лео е мој добар пријател. Одморите ги минуваме заедно со семејствата, знам колку е квалитетен и што може, но сепак не знам што да кажам на оваа тема. Морам да ги почитувам колегите, не сум јас оној што одлучува, јас сум само играч, не претседател или директор“, изјави Киелини“, гласеше одговорот на стоперот кој заедно со Бонучи и Брзаљи ја сочинуваа една од најдобрите одбрани во Европа.