Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини даде интервју за полските медиуми, поточно за „Презглад Спортови“, а во таа прилика откри бројни детали од својата кариера.
Киелини зборуваше за Луис Суарез, Буфон, соработката со Бонучи и Брзаљи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалот не беше избор. Тоа е моја страст, започнав да играм кога имав пет години. Имав среќа, беше тоа долг пат, дека ќе станам професионалец сфатив на 16 години. Растев од година во година, станував се подобар. Мојот татко исто така играше фудбал, но не на професионално ниво“.
Фабио Канаваро во една прилика откри дека Буфон е многу гласен во текот на натпреварите, некогаш и премногу.
„Беше полош во репрезентација отколку во Јувентус. Не знам поради што, но во репрезентацијата беше повеќе нервозен. На нас дефанзивците ни треба некој кој ќе ни помогне, голманот не е важен само поради одбраните, туку и поради зборовите“.
Еден од деталите кои ќе ја обележи кариерата на Киелини е познатиот дуел со Луис Суарез.
„Не сум лут поради тоа. Повеќе бев лут што не доби црвен картон, тоа беше важен натпревар. Не верувам дека Уругвај можеше да не победи без Суарез“.
Многу пати Киелини добиваше прашања за соработката со Брзаљи и Бонучи, па така беше и сега.
„Тајната на тоа трио? Нашата тајна беше секогаш се надополнувавме. Сега играме поретко, но кога игравме со тројца во одбраната бевме перфектни, ако не тогаш бевме многу блиску до такво нешто. Се движевме на совршен начин. Не морав да гледам каде се Лео и Андреа, знаев каде се во секој момент“, изјави Киелини.