Дома Фудбал Италија Киелини: Буфон и јас не сме биле проблем и никогаш нема да бидеме

Киелини: Буфон и јас не сме биле проблем и никогаш нема да бидеме

Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини порача дека Џанлуиџи Буфон и тој никогаш не би правеле проблем околу новиот договор.

Договорите на клупските легенди истекуваат на крајот од сезоната и во овој момент со нив се преговара за нови. Италијанските медиуми пишуваа дека поради тоа постои проблем на релација клуб – играчи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во текот на репрезентативната пауза претставено е како да има проблем околу нашите договори. Но тој проблем го прават медиумите, во реалноста нема ништо. Јас и Буфон никогаш не сме биле проблем и нема да бидеме“, јасно порача капитенот на Јувентус.

Киелини порача и дека никогаш не би играл за друг клуб во Италија или Европа.

„Никогаш не би играл во друг дрес во Италија или Европа. Тоа не е опција“, истакна Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …