Англискиот напаѓач, Хари Кејн веќе некое време е мета на многу европски гиганти, од кој и европскиот шампион Реал Мадрид.
Кејн од сезона во сезона игра подобро во Тотемхен и за многумина е чудо како се уште не направи трансфер во некој од европските гиганти. Во последно време многу се шпекулира за тоа дека Кејн ќе го напушти Тотенхем следното лето и својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, по сите шпекулации се огласи и одличниот напаѓач кој ја откри својата страна на приказната. Изјавата на Кејн ги израдува навивачите на Тотенхем кој сега се сигурни дека овој напаѓач нема да го напушти нивниот клуб.
„Сакам да бидам играч на еден клуб, исто како што беше Тоти. Тоа зависи какви амбиции има клубот, но јас веќе реков дека сакам да останам во Тотенхем. Ова за мене сега е одлично место. Ги имаме сите услови за големи резултати и нема потреба тоа да го сменам“, изјави Кејн.