Хари Кејн ќе биде еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок, солзите на претходниот натпревар кој ако замине ќе биде негов последен дома за Тотенхем како и изјавата дека сака да се бори за трофеи се најава дека ќе ја промени средината.
Тотенхем следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите и тоа сигурно влијае на одлуката на Кејн. Жозе Мурињо не се прослави на клупата на „петлите“ сега Кејн зборуваше за Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жозе бараше од нас да бидеме мажи, така да се однесуваме на теренот и да имаме карактер на победник. Да бидам, искрен тука можеби настана проблем. Немавме вистински лидер на теренот, клубот беше во тешка ситуација кога замина Покетино, а кој и да беше на местото на Мурињо сигурно немаше да му биде лесно“.
Кејн тврди дека одлично се сложувал со Мурињо.
„Од првата минута имавме одличен однос. Се разбиравме еден со друг, имаме сличен менталитет. Штета е што не победувавме“, изјави Кејн.