Дома Фудбал Англија „Кејн и вака е голема ѕвезда, а ако сака трофеи нека оди во Манчестер Сити“

„Кејн и вака е голема ѕвезда, а ако сака трофеи нека оди во Манчестер Сити“

Стив МекМанаман, поранешен англиски фудбалер смета дека ако Хари Кејн сака да освојува трофеи треба да се пресели во Манчестер Сити.

Кејн е вистински лидер на Тотенхем, но трофеите се нешто што изостануваат во таборот на „петлите“, барем засега.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Многу е јасно што треба да направи ако сака да освојува трофеи. Манчестер Сити е тимот кој најмногу ги освојува и тоа не би требало да биде тешка одлука. Меѓутоа треба да се каже и дека не ве прават само трофеите голем фудбалер, Кејн и вака е еден од најдобрите во светот“.

„Тука како пример можам да го наведам Алан Ширер. Луѓето зборуваат дека му недостасувале трофеите, но никој не може да каже дека не е голема ѕвезда, така ќе биде и со Кејн ако остане во Тотенхем“, смета МекМанаман.

Кејн со Тотенхем има договор до 2024 година, сепак и покрај тоа на големо се пишува дека би можел да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…