Англискиот репрезентативец Хари Кејн донел одлука да го напушти Тотенхем.
„Скај Спорт“ вечерва објави дека Кејн и официјално соопштил на управата дека нема желба дао стане и ќе ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што беше од порано познато е дека Кејн сака да игра во клуб со кој ќе има амбиции да се бори за трофеи, додека Тотенхем од поодамна не е конкурентен, посебно во Премиер лигата.
Интерес за Кејн покажуваше Реал Мадрид и уште неколку тимови кои сега ќе спремат формални понуди и ќе се обидат да го доведат крајот на сезоната.
Договорот со Спарсите на Кејн има важност до 2024 година, а неговата желба наводно е да игра во друг клуб од Премиер лигата. Најавите се дека се за иднината Кејн ќе се знае до 11 јуни кога ќе почне Европското првенство.