Франк Кеси ова лето го напушти Милан и како слободен агент се пресели во Барселона, но многу брзо би можел да се врати во Серија А.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажува Јувентус.
„Бјанконерите“ се спремни да го донесат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за 20 милиони евра.