Дома Фудбал Италија Кеси потврди: Среќен сум што заминувам од Милан со Скудето

Кеси потврди: Среќен сум што заминувам од Милан со Скудето

Франк Кеси потврди дека го напушта Милан ова лето, а од пред извесно време е познато дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Кеси како слободен играч ќе се пресели на „Камп Ноу“, откако не успеа да постигне договор со „росонерите“ за продолжување на соработката.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Играчот за врска истакна дека Скудетото е совршен начин да ја заврши 5-годишната авантура на „Сан Сиро“.

„Ова беа пет многу важни години во кои навистина се посветив на проектот. Среќен сум за градот, за клубот, за фановите, за тренерот, но и за мене и за моето семејство. Ова е последен месец од мојот договор тука, но во овие пет години успеавме да се вратиме во Лигата на шампионите и да го освоиме скудетото. Го направив тоа за што дојдов тука и ова е најдобар начин да се збогуваме“, истакна Кеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…