Искусниот Јапонец, Кеисуке Хонда своите најдобри денови ги помина во ЦСКА Москва и Милан, но веќе од поодамна не е во центарот на вниманието на фудбалската јавност.
Интересен е фудбалскиот пат на 32 годишниот играч за врска. Родната Јапонија ја напушти во 2008 година и прв пат дојде во Европа. Тогаш го облече дресот на холандски Венло, за потоа да направи трансфер во ЦСКА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од ЦСКА во 2014 година пристигна во Милан каде што се задржа три ипол години, а потоа отиде во Мексико. Во Мексико играше за Пачука, а минатото лето пристигна во Австралија.
И понатаму е член на Мелбурн Викторија, но неговиот договор со овој клуб истекува наредниот месец.
Ако се суди според гласините кои се појавија во италијанските медиуми, Хонда би можел да се врати во Серија А ова лето откако ќе му истече договорот со Мелбурн Викторија.
https://www.youtube.com/watch?v=rZTpL4ERr9U