Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кедира: Не можам да спијам, уште чувствувам болка!

Кедира: Не можам да спијам, уште чувствувам болка!

Германската репрезентација ја шокираше фудбалската јавност откако учеството на Мундијалот го заврши во групната фаза.

Заменик капитенот на репрезентацијата, Сами Кедира после враќањето во татковината изјави дека се уште не може да верува дека „панцирите“ испаднале во групната фаза.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Никој од играчите на Мундијалот не дојде во топ форма, но не сакам сега да ги критикувам соиграчите. Моите игри беа неприфатливи. Во Јувентус ја имав можеби и најдобрата сезона во мојата кариера, а потоа дојдов на СП и одиграв очајно против Мексико и Јужна Кореја“, изјави Кедира.

„Се обидов да спијам после натпреварот, но не можев и постојано се будев. Чувствувам голема болка која се уште трае. Не можам да верувам дека турнирот трае уште две недели, а ние моравме да се вратиме дома“, додаде играчот за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…