Дома Фудбал Репрезентации Кедира: Водевме 5:0 на полувреме со Бразил, а Лев бараше да бидеме сериозни

Кедира: Водевме 5:0 на полувреме со Бразил, а Лев бараше да бидеме сериозни

Сами Кедира за „ЕСПН“ зборуваше за една од најголемите победи на германската репрезентација кога Бразил во 2014 година беше потопен со 7:1.

Германија таа 2014 година стигна до светската титула откако ја победи Аргентина во финалето, а најмногу од тој турнир се памети дебаклот кој му го нанесоа на Бразил. Против Бразил избраниците на Лев водеа 5:0 на полувреме, а и покрај таа предност германскиот селектор немал намера да попушти во вториот дел.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Селекторот Лев беше најважниот тој ден. На полувремето добивме сериозна закана од него. Водевме 5:0, а тој ни порача дека ако некој го намали квалитетот или почне да се шегува на теренот ќе биде заменет и нема да го игра финалето. Сакаше да бидеме сериозни до крај и да ја почитуваме бразилската селекција, нивните навивачи и целата земја“, изјави Кедира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флик договори ѕвезда за 50 милиони евра во Барселона

Барселона ја заврши сезоната во која освои три трофеи. Под водство на Ханси Флик, тимот пр…