Дома Фудбал Останато Кевин Де Бруjн продолжува да руши рекорди

Кевин Де Бруjн продолжува да руши рекорди

в

Тимот на Роберто Мартинез синоќа убедливо на гостувањето во Шкотска без големи маки ја совлада со убедливи 4:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кевин Де Бруjн уште еднаш докажа дека е еден од најкреативните играчи во светот. Играчот на Манчестер Сити запиша три асистенции за своите соиграчи во првите 45 минути, за подоцна во продолжението од натпреварот ја потврди победата на својата селекција со гол. Три асистенции се воедно и рекорд на овие европски квалификации, прашање е само дали некој ќе ја надмине статистиката на Белгијанецот.

Играчот на Сити се издвојува и во тимот на шампионот на Англија, каде што во досегашните четири кола од Премиер лигата забележи еден гол и дури пет асистенции. Де Бруjн без сомнеж во моментов е во најдобра форма во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но не само заради играта на теренот, ту…