Холанѓанецот од редовите на Рома заработи нова повреда, а во римскиот клуб се надеваат дека не е ништо сериозно.
„Волчицата“ би можела скапо да ја плати победата над Милан на „Сан Сиро“. Кевин Стротман заработи повредна на бутниот мускул во првото полувреме од натпреварот и поради тоа нема да може да и помогне на репрезетнацијата на Холандија во квалификациите за претстојниот Мундијал.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Холандија ќе се обиде да го фати последниот „воз“ за Русија иако тоа нема да биде воопшто лесна мисија за земјата која на претходните два Мундијали завршуваше како трета и втора во светот.
Докторите на Рома после деталната анализа утврдиле дека повредата на Стротман за среќа не е од сериозен карактер, но сепак ќе мора да одмори поради ризикото од влошување на истата.