Дома Фудбал Касиљас: Се потешко ми е да верувам во оваа награда, кога ќе се наградуваат оние што заслужуваат?

Касиљас: Се потешко ми е да верувам во оваа награда, кога ќе се наградуваат оние што заслужуваат?

Доделувањето на Златната топка предизвика многу полемики затоаш то многумина сметаат дека Лионел Меси не требало да ја добие оваа награда.

Меси по седми пат во својата кариера ја освои наградата за најдобар играч во светот со што стана апсолутен рекордер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, многумина сметаат дека оваа награда ја заслужи Роберт Левандовски кој игра на неверојатно ниво во Баерн. Полскиот голгетер минатата година требаше да ја освои оваа награда, но церемонијата не се одржа поради коронавирусот. И оваа година беше одличен, сепак, на крајот наградата заврши кај Меси.

Еден од оние кои критикуваа што Меси ја доби оваа награда е легендарниот Икер Касиљас.

„Се потешко ми е да верувам во оваа награда. Меси за мене е еден од петте најголем ииграчи на сите времиња, но мораме да почнеме да ги наградуваме оние кои беа најдобри во текот на годината. Тоа не е толку тешко, само другите ја отежнуваат таа работа“,порача Касиљас после церемонијата.

Меси заврши на првата позиција во вкупниот поредок и имаше вкупно 33 гласа повеќе од Левандовски, третопласиран беше Жоржињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…