Дома Фудбал Останато Касиљас нема да се врати на терените, доби нова функција

Касиљас нема да се врати на терените, доби нова функција

Икер Касиљас ќе мора да стави крај на својата играчка кариера после преживеаниот инфаркт, иако шпанскиот голман се противеше на тоа.

Денес неговиот клуб Порто официјално соопшти дека Икер останува, но нема да се врати на терените, туку ќе добие функција на тим-менаџер.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанецот ќе биде задолжен за комуникацијата помеѓу играчите и раководството, како и тренерот Консеисао и Управниот одбор на клубот.

„Во наредниот период ќе правам нешто поразлично од тоа што сум навикат. Ќе се обидам да остварам добра конекција меѓу играчите и клубот. Тренерот побара од мене да бидам блиску до играчите, блиску до најмладите бидејќи ќе има доста промени во тимот. Ќе се обидам да го дадам максимумот и да им помогнам на соиграчите“, изјави Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Teжок удар за Тотенхем: Во последниот натпревар на Сон се повреди Медисон (Видео)

Тотенхем се соочи со две шокантни вести за само два дена. По објавата на капитенот и, може…