Фудбалскиот свет беше шокиран кога во средата на 1-ви мај се појави веста за срцевиот идар на легендарниот голман Икер Касиљас.
Поради изненадувачкиот срцев удар добиен на тренингот на Порто на Икер му беше направена мала операција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес после пет дена Касиљас беше пуштен од болницата на домашно лекување. Шпанецот денес излезе пред новинарите и со растрепрен гласа порача дека во овој момент продолжувањето на неговата кариера е нешто кое е најмалку важно.
„Сакам да изразам благодарнсот до болницата, до докторотот и сите луѓе на Порто кои се заслужни што се намали ефектот на срцевиот удар. Благодарен сум и на големиот број пораки за поддршка кои ги добив во изминатите неколку денови“.
„Можам да кажам дека сега сум подобар, многу подобар, но ме очекува процес на рехабилитација од неколку недели, а можеби и месеци. Кариерата во овој момент е најмалку важна, најважно е што се уште сум тука. Благодарен сум и на вас новинарите. Емотивно сум потресен и сум среќен што сум тука со сите вас. Можам да зборувам за тоа што се случи, можам да размислам за сето тоа…Не знам што носи иднината, ќе повторам уште еднаш за да не добивам дополнителни прашања. Најважно е што сум тука и што мирно зборувам пред вас за тоа што се случи. Ќе се видиме наскоро“, порача Икер.