Реал Мадрид тешко стигна до победата во дуелот против Леванте. Кралевите одиграа лош натпревар, но на крајот дојдоа до трите бода.
Овој натпревар го одбележаа неколку спорни моменти, и дури два пенала за Реал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Посебно дискутабилен беше вториот, кој на крајот им ја донесе победата на гостите.
Касемиро беше во центарот на вниманието со маестралното глумење удар кој не го доби, а судијата одлучи да досуди најстрога казна.
Тоа не му помина покрај бројните фоторепортери, кои го снимаа како лежи и потајно чека одлука на судијата, иако при паѓањето одглуми тешка повреда.
Дефинитивно за овој потег може да добие Оскар, а нешто слично направи и Бускетс со Барселона во полуфиналето во ЛШ против Интер во 2010. година.
И на двајцата им успеа, што токму тоа е најважно…
Ladies & Gentleman this is a penalty for Real Madrid ? pic.twitter.com/yXZYTqY36o
— Marcel ? (@mizzyceloZ) February 24, 2019