Поранешниот фудбалер на италијанската репрезнтација, Антонио Касано зборуваше за медиумите за добриот старт на сезоната на Интер.
Интер се наоѓа во серија од осум победи првенството под водство на Конте кој пристигна во текот на летото.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Интер ме потсетува на Јувентус во првата сезона со Конте. Се сеќавам таа сезона бев во Милан и тие ни го земаа Скудетото. Ако Јувентус губи бодови Конте ќе знае како тие киксови да ги искористи. Свесн сум дека Јувентус е најкомплетниот тим, имаат два силни тима. Сепак јасно се гледа дека нивна главна цел е Лигата на шампионите“, изјави Касано, а за крај ги откри своите планови.
„Сега сакам да станам спортски директор, завршив училиште за тоа“. Касано во богатата кариера го носеше дресот на Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона.