Дома Фудбал Англија Кариус после четири години застанува на голот на Ливерпул?

Кариус после четири години застанува на голот на Ливерпул?

Тимот на Ливерпул е силно погоден од коронавирусот, а медиумите на Островот пренесуваат дека Лорис Кариус е единствениот голман кој „црвените“ го имаат на располагање за утрешното полуфинале од Лига Купот.

Ливерпул го чека натпревар со Арсенал, меѓутоа од нивниот табор побараа одложување на овој натпревар поради проблемите со коронавирусот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Засега не е познато дали тоа нивно барање ќе биде прифатено. Доколку не биде прифатено постои можност Лорис Кариус да настапи за Ливерпул. Тоа за Кариус би било прв настап уште од 2018 година и финалето со Реал Мадрид кога си ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Кариус се уште е под договор со Ливерпул, а во изминатите години беше испраќан на позајмици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…