Дома Фудбал Останато Кардиф тврди дека има докази кои ќе му помогнат да не плати за трансферот на Сала

Кардиф тврди дека има докази кои ќе му помогнат да не плати за трансферот на Сала

Aргентинскиот фудбалер Емилијано Сала го изгуби животот во падот на авионот пред два месеци.

Сала само неколку дена претходно потпиша за Кардиф од каде што пристигна од Нант. Аргентинецот се врати во Франција да се прости од соиграчите, а на враќањето кон Кардиф неговиот авион се сруши.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потрагата по неговото тело траеше неколку недели за потоа да биде пронајдено во остатоците од авионот на морското дно. Истражителите пронајдоа едно тело за кое подоцна беше утврдено дека станува збор за Сала, телото на пилотот Дејв Иботсон кој управуваше со авионот и понатаму не е пронајдено.

Сега и понатаму трае борбата за парите од неговиот трансфер. Нант бара 17 милиони евра, додека од Кардиф не сакаат да платат.

Случајот стигна и до ФИФА каде што беше заклучено дека Кардиф мора да ја исплати таа сума на Нант. Меѓутоа англискиот премиерлигаш денес објави дека има докази според кои на Нант не мораат да му платат 17 милиони евра.

Од Кардиф тврдат дека Сала не можел да потпише ревидиран договор и дека од ФА го одбиле договорот и поради тоа тој не се водел како нивни играч.

Исто така, порачаа дека не се исполнети клазулите кои Нант ги ставил во договорот и дека се сигурни дека не мораат да ја платат таа сума. Од друга страна од Нант се убедени дека сумата од 17 милиони евра мора да ја добијат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…