Поради коронавирусот сезоната во домашното првенство во ракомет на Полска заврши.
Федерацијата на оваа земја денес во констулација со претставниците на клубовите означи крај на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До титулата во првенството стигна Игор Карачиќ кој од оваа сезона го носи дресот на Кјелце. За Кјелце ова е 17. титула во домашното првенство, додека на втората позциција е Висла Плоцк.
„Најважно е здравјето на играчите. Одлучивме да ставиме крај на сезоната затоа што во овој момент не се знае кога играчите ќе продолжат со тренинзите“, стои во соопштението.