Дома Фудбал Италија Карактерот на Ибрахимовиќ на своја кожа го почувствувал младиот дефанзивец на Милан

Карактерот на Ибрахимовиќ на своја кожа го почувствувал младиот дефанзивец на Милан

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ иако е во поодминати играчки години и понатаму прикажува одлични настапи во дресот на Милан.

Освен што е задолжен за постигнувањето на голови Ибрахимовиќ во Милан има и улога на лидер во соблекувалната. Карактерот на Ибрахимовиќ на своја кожа го почувствувал младиот дефанзивец Пјер Калулу.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој млад фудбалер во Серија А одигра шест натпревари за Милан, а дебитираше во декември минатата година. На своето деби поради лошите временски услови планирал да носи ракавици.

Но, Ибрахимовиќ тоа не му го дозволил.

„Носеше ракавици, но му кажав да ги соблече. Како еден млад дефанзивец може да дебитира со ракавици? На тој начи сигурно нема да ги исплаши противниците“, изјави 39 годишниот Швеѓанец за „Кориере дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Meси во необичен трансфер може да се врати во Европа, ќе игра само домашни натпревари?

Лионел Меси наводно дал зелено светло за сензационален трансфер во Галатасарај, кој може д…