Дома Фудбал Англија Карагер: Мислам дека Сити нема да избори пласман во ЛШ!

Карагер: Мислам дека Сити нема да избори пласман во ЛШ!

После порзот од Ливерпул, Џејми Карагер вели дека не верува дека Манчестер Сити ќе заврши меѓу првите четири тима на крајот на сезоната.

Поразот на „Енфилд“ беше четврти оваа сезона за Сити, а тимот на Гвардиола сега заостанува цели 10 бода зад водечкиот Челзи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Моментално „граѓаните“ се петти на табелата, а зад нив е Манчестер Јунајтед со само три бода помалку, но и одлична форма.

„Мислам дека за повеќето од нас на почетокот на сезоната Сити беше прв фаворит. Но, доколку предвидуваме сега кој ќе биде меѓу првите четири тима, јас тука не го гледам Сити“, истакна Карагер.

„Причината е јасна.Она што Сити го има во нападот и средниот ред е можеби најдоброто што постои во Премиер лигата. Но, дефанзивната линија е под нивото за Топ 4, можеби се за Топ 8. Мислам дека во продолжение на сезоната сите тимови ќе успеат да ја најдат нивната слаба точка“, заклучи Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Момент за историјата: Средбата на Роналдо и Ѓоковиќ (Видео)

Во Дубаи, во неделата вечер, се одржа настанот Globe Soccer Awards, каде присуствуваа неко…