Екс-фудбалерот на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека Ливерпул може да ја освои титулата во Премиер лигата, иако во моментов се во голема битка со Манчестер Сити и Арсенал.
Според Карагер признанието за МВП на сезоната во англиската елита ќе заврши во рацете на Фил Фоден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во случај пак Ливерпул да биде шампион, верува дека Ван Дајк би бил изборот.
„Ако Ливерпул ја освои титулата тоа ќе биде голема награда за Ван Дајк со оглед низ што се помина по освојувањето на пехарот во 2020 година. Доколку Сити биде шампион тогаш Фоден треба да ја добие наградата за најдобар во сезоната“, изјави Карагер.