Дома Останати Ракомет Карабатиќ на спектакуларен начин се прости од клупскиот ракомет

Карабатиќ на спектакуларен начин се прости од клупскиот ракомет

НИКОЛА КАРАБАТИЌ, најтрофејниот и можеби најдобриот ракометар на сите времиња, ја заврши клупската кариера на 40 години, два месеци пред последното збогување на Олимписките игри во Париз.

Токму таму, во преполниот иконски Берси, го одигра последниот натпревар во својата клупска кариера пред повеќе од 15.000 гледачи. Тоа не беше шоу, туку натпревар за шампионот на Франција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Секако, Карабатиќ го предводеше ПСЖ до победата над Екс и на тој начин ја освои својата 16-та титула во Франција.

Во 23 сезони како професионалец, ова беше негова неверојатна 22-ра национална титула бидејќи играше и за Кил и Барселона и ги освои шампионатите на Германија и Шпанија.

За Карабатиќ ова е нереален 69-ти трофеј во кариерата. Да го споменеме само најважното; Ги предводеше Кил, Монпеље и Барселона до освојување на Лигата на шампионите. Со Франција освои четири светски и европски првенства и три златни медали на Олимписките игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…