Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде комплетна за вечерашниот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот од 19:00 часот.
Постоеше можност натпреварот против Естонија да го пропушти Војдан Стојановски кој зарбаоти повреда во куп-финалето за МЗТ против Пелистер, сепак тој е во составот на нашата репрезентација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ветеранот не дозволи повредата да го спречи во можеби најважниот натпревар во групата, иако е прв. Стојановски одработи неколку тренинзи и веќе е на располагање на селекторот.
На вечерашниот натпревар се очекува и Стојановски да добие посебно признание за придонесот во репрезентацијата во изминатите години.