Шпанската репрезентација денес започнува нова ера под водство на Луис Енрике и веднаш игра големо дерби во Лигата на нации против Англија.
Капитенот Серхио Рамос пред вечерашниот меч ги отфрли шпекулациите за несогласување меѓу него и селекторот Луис Енрике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Луис Енрике и јас сме обединети за иста цел, а тоа е да ја водиме репрезентацијата. Ние сме луѓе со карактер, но никогаш не постоеле проблеми меѓу нас. Досега не го познавав лично и првиот контакт беше одличен“, истакна Рамос.
„Мило ми е што имам тренер кој знае многу за фудбалот. Некои медиуми се обидоа да создадат конфликт меѓу нас, но ситуацијата беше спротивна. Имам личен предизвик. Имам 32 години, но се уште се чувствувам млад“, додаде дефанзивецот.
„Шпанија падна во рејтингот и наша главна цел е да се вратиме таму каде што бевме. Ние мора да го повратиме ентузијазмот. Треба да се придржуваме кон правилата на Луис Енрике. Тој е наш тренер и ова треба да биде јасна порака за сите“, заклучи Серхио Рамос.