Дома Фудбал Италија Капело: Му кажав на Алегри да не се враќа во Јувентус

Капело: Му кажав на Алегри да не се враќа во Јувентус

Јувентус е во резултатска криза, тимот од почетокот на сезоната не е на нивото на кое очекуваа навивачите, а критики почна да добива и Масмилијано Алегри.

За викендот Јувентус беше поразен од Верона. Иако се критикува Алегри, поголемиот дел од стручните коментатори во Италија проблемот го лоцираат во фудбалерите. Искусниот Фабио Капело гостуваше во „РАИ“ каде што потенцираше дека Алегри ќе има тешка задача да ја спаси сезоната.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Го советував Алегри да не се враќа во Јувентус, му кажав дека тој ќе биде виновникот ако работите не одат како што треба, иако доаѓа во тешка ситуација. Мислам дека фудбалерите не го даваат максимумот, тоа може да се забележи. Јувентус е во една комплицирана ситуација и ќе има проблеми да се врати на посакуваните патеки“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Новиот европски шампион Пари Сен Жермен не губи време и продолжува со својата политика на …