Дома Фудбал Италија Капело: Ибра ќе го крене нивото на Милан

Капело: Ибра ќе го крене нивото на Милан

Легендарниот тренер на Милан, Фабио Капело смета дека доаѓањето на Ибрахимовиќ е одличен потег за „росонерите“.

Капело смета дека Ибра е роден победик кој ќе го подигне нивото на целиот тим и ќе донесе лидерски способности во соблекувалната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ова беше неопходен потег на клубот. Ибра ќе донесе харизма и силен карактер во тимот, кој има потреба од таков шампион. Возраста не е од големо значење, со него Милан ќе го крене нивото на целиот тим. Сигурно е дека Игра не се враќа за пари, туку за да докаже дека се уште е  на врвот“, истакна Капело.

„Тој ќе се обиде да го врати клубот таму каде што му е местото. Ќе им помигне на сите соиграчи да се развиват околу него, бидејќи јасно е дека на Милан му недостасува лидер во соблекувалната. Ибра сака да победува на секој меч, како Роналдо и целиот тим може да добие со неговото доаѓање“, додаде Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите бесни на ѕвездата на Премиер лигата од 66 милиони евра

Шведската фудбалска репрезентација, 32. на листата на ФИФА, доживеа комплетен колапс во ак…