Дома Фудбал Репрезентации Канте вчера играше натпревар денес во репрезентацијата се појавил шест часа пред сите

Канте вчера играше натпревар денес во репрезентацијата се појавил шест часа пред сите

Во наредните десетина денови не очекува нас почетокот на квалификациите за Европското првенство и враќањето на репрезентативниот фудбал после неколку месеци пауза.

Денес започнуваат собирите на репрезентатициите и првите тренинзи пред натпреварарите од квалификациите за Европското првенство, а ќе видиме и пријателски натпревари. Собирот започна и репрезентацијата на Франција. Кога се светските шампиони во прашање најголемото внимание го привлече Н’Голо Канте.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој фудбалер често пати знае да ги „украде“ симпатиите од фудбалскиот свет. Сега одновно за Канте се пишува многу позитивно.

Имено, денес „Л’Eкип“ објави дека Канте стигнал прв на осбирот и ова не е некоја вест затоа што секако некој мора да биде прв. Меѓутоа во Франција тоа не можел да биде никој друг освен Канте затоа што тој во репрезентацијата се појавил – шест часа порано од договорениот термин!

Посебно е интересно што Канте вчера со почеток од 17:30 часот играше натпревар за Челзи во Премиер лигата. Сепак, тоа не го спречи на собирот да се појави пред сите други и пред колегите кои клупските обврски ги завршија многу порано од Канте.

Навистина потег со кој Канте уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност ширум светот и тешко дека некој фудбалер може да го надмине кога во прашање се ваквите и слични работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фердинанд во солзи откри потресна причина зошто не зборувал за борбата на својата сопруга со ракот

Рио Фердинанд се присети на тешките моменти од 2015 година кога ја загуби својата сопруга …