Дома Фудбал Репрезентации Канатларовски испрати порака до фудбалерите: Треба да разберат дека Македонија секогаш е на прво место!

Канатларовски испрати порака до фудбалерите: Треба да разберат дека Македонија секогаш е на прво место!

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подготовките за октомврискиот цуклус на квалификации за пласман на ЕП.

Нашите репрезентативци на 11. октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваат Молдавија. На 15. октомври на гости играме против селекцијата на Грузија.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Селекторот на Македонија до 21 година, даде свој коментар за претстојните предизвици на својата репрезентација.

Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз.

Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа против незгоден ривал. Сигурно дека нема лесен противник во овие квалификации и ниту еден меч не може да се добие лесно, па така ќе биде и на следните дуели против Молдавија и Грузија.

За овој собир играчкиот кадар ќе претрпи промени. На наше големо задоволство двајца наши играчи, Марио Илиевски и Андреј Стојчевски се повикани во А репрезентацијата на Македонија. Имаме 10 фудбалери кои подолго време се носители на оваа генерација и 10 млади фудбалери кои полека ќе ги подготвуваме за следниот квалификациски циклус што следува.

Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим.

Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голежа желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Позната примарната трансфер цел на Реал Мадрид

Реал Мадрид веќе работи на трансферот на десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, …