Фудбалерите на Нант ниту петти пат во низа не успеаа да запишат триумф во француската Лига 1.
На премиертата од 34. коло во Лига 1, Нант го пречека Реан, а натпреварот заврши без победник, односно 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поведоа домашните фудбалери пред крајот на првиот дел, стрелец беше Томасон во 42. минута од средбата.
Во продолжението, по помалку од една минута игра, напаѓачот Сала заработи втор жолт картон, па „Канаринците“ останаа со десеттмина на теренот.
Гостите тоа успеаа да го искористат во 81. минута, кога мрежата на Нант ја затресе Лео.
Нант сепак успеа да остане непоразен и со играч помалку, но лошата вест е дека и петти пат во низа не запишаа триумф.
По ова реми Рен останува петти со 48. бодови, еден бод повеќе од шестопласираната Ница и два помалку од Монпеље.