Искусниот хрватски напаѓач, Никола Калиниќ покажа што значи лојајност и потпиша за Хајдук, каде ќе игра за плата од 1 евро.
По пауза од неколку месеци, официјално потпиша договор со клубот до крајот на актуелната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Калиниќ со Хајдук истекуваше на крајот на јули минатата година, а тој тогаш реши да паузира неколку месеци и сега реши да се врати.
„Што се однесува до финасиите, ова ќе биде најлесниот договор во мојата тригодишна етапа во Хајдук. Се договоривме за 1 евра плата месечно. Тој сака само да му помогне на Хајдук и да ја освои титулата, тоа е единствениот мотив поради кој се врати“, изјави спортскиот директор на Хајдук, Миндаугас Николичиус.
Калиниќ во кариерата меѓу другите клубови настапуваше и за Фиорентина, Милан, Атлетико Мадрид, Рома и Верона.