Македонскиот тениски бисер, Калин Ивановски го заврши својот настап на јуниорскиот дел од Вимблдон.
Ивановски беше поразен во осминафиането од Џек Пинингтон Џонс (5-7, 0-6), но во поголемиот дел од мечот се бореше со повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ивановски беше одличен во првиот сет, водеше со 5-4, но домашниот тенисер успеа да ги освои следните три гема и го освои сетот со 7:5.
Во вториот сет Ивановски се здоби со повреда, имаше и медицински тајм-аут, но не се откажа и лавовски се бореше, но Џонс го искористи моментот и го освои сетот со 6:0.
Во секој случај Ивановски го покажа својот талент и квалитет, па потврди дека е спремен за големи дела во иднина.