Последниот меч од 30.коло во германската Бундеслига, помеѓу Мајнц и Фрајбург, ќе се памети по ситуацијата која фудбалот досега не ја забележал.
Вечерва во Мајнц беше испишана нова страница на фудбалската историја и тоа онаа на која се бележат најчудните ситуации кои се случуваа низ времето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму на овој меч, судијата Винкман ги врати играчите на обата тима од соблекувалната откако видео технологијата утврди дека пропушти да свири пенал за домашните.
Во последната минута на првиот дел од играта Мајнц имаше добра шанса, но по ударот еден од играчите на Фрајбург одигра со рака и му помогна на својот голман да ја сочува мрежата.
Арбитрите на теренот не го забележаа тој детал и неколку секунди подоцна Винкман означи крај на првиот дел и ги испрати играчите во соблекувалната.
Минута или две подоцна, главниот арбитар се врати на теренот и покажа дека ВАР утврдил дека домашшните треба да изведат пенал.
Играчите зачудени се вратија од соблекувалната и се прашуваа што се случува. Неколку минути траеше конфузијата додека сите актери на мечот не се појавија на теренот и не се создадоа услови, Пабло Де Бласис да ја изведе најстрогата казна.
Де Бласис беше прецозен, а веднаш потоа судијата покажа на центарот со што означи и крај на првото полувреме.
https://www.clippituser.tv/c/zbzwag