Лука Дончиќ веќе важи за еден од најдобрите кошаркари во светот, иако пред себе Словенецот има уште многу години што да покаже.
Освен што е одличен со топката во раце Дончиќ изгледа има и сосема солидна фудбалска техника. Тоа го покажа во натпреварот против Сан Антонио Спарс.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На крајот на третата четвртина еден од противничките кошаркари шутираше од својата половина, но ја промаши конструкцијата на кошот. Под кошот стоеше Дончиќ кој навистина маестрално ја прими топката во стил на најдобрите фудбалери во светот и почна да жонглира.
Luka had to show off his soccer skills 😂 @brfootball pic.twitter.com/hxI7YqLNH4
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 23, 2021