Каков ден за „јорганџиите“!
Во Атлетикот Мадрид не сака ништо да препуштат на случајност, па го испратија извршниот директор, Мигел Анхел Гил во кампот на репрезентацијата на Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, како што е и официјално потврдено на сајтот на шпанскиот клуб, договор со клубот од „Ванда Метрополитано“ потпишаа Антоан Гризман, Лукас Ернандез и новајлијата Тома Лемар!
Гризман долго важеше за желба на Барселона, но тој денес потпиша договор со Атлетико со важност до 2023 година.
Кога во прашање е преспективниот Лукас Ернандез, тој доби доверба од Дидие Дешам и го започна натпреварот против Австралија. Во Атлетико имаат големи планови, па со овој фудбалер ја официјализираа соработката до 2024 година.
Најголемо изненадување претставува потписот на Тома Лемар. Најавуваа од Мадрид дека постигнаа договор со Монако околу трансферот, но се очекуваше официјализацијата да следи после Мундијалот.
Сепак, Атлетико одлучи да побрза па останува само уште Лемар да ги помине медицинските прегледи и се да биде завршено.
Grandes noticias desde Rusia. @AntoGriezmann ha firmado su renovación hasta 2023, @LucasHernandez hasta 2024 y Lemar su contrato #AúpaAtleti https://t.co/f1wjstCtj6 pic.twitter.com/vgRN0pture
— Atlético de Madrid (@Atleti) June 18, 2018