Дома Фудбал Англија Како ќе изгледа составот на Арсенал кога ќе дојде Суарез?

Како ќе изгледа составот на Арсенал кога ќе дојде Суарез?

Фудбалерот на Барселона, Денис Суарез, во наредните денови би требало конечно да го комплетира трансферот во Арсенал.

Арсенал веќе некое време е во контакт со Барселона околу Суарез кој е незадоволен од статусот во екипата. Суарез не се изнаигра оваа сезона и Ернесто Валверде нема ништо против каталонскиот клуб да го продаде овој играч до крајот на јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суарез призна дека би сакал да премине во редовите на Арсенал, кој од клупата го води неговиот поранешен тренер Емери, со кој имаа одлична соработка во Севиља.

Англиските медиумиве веќе се сигурни дека Суарез ќе пристигне на Емирати и само прашање на време е кога тоа ќе биде потврдено. Некои веќе почнаа да прават комбинации како ќе изгледа составот на Топџиите кога ќе дојде Суарез.

Една од можностите на Емери ќе биде овој состав: Лено, Белерин, Сократис, Мустафи, Колашинац, Џака, Тореира, Озил, Лаказет, Суарез и Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…