Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен изминатото лето беше блиску до заминување од Наполи, но сепак на крајот остана.
Нигериецот како и многу други фудбалери имал богата понуда од Саудиска Арабија која била тешко да се одбие.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговор со италијанските медуми тој објаснува дека како што тој им велел „не“, така понудата растела се повеќе и повеќе.
„Точни беа многу работи кои се пишуваа во текот на летото. Но, јас имав договор со Наполи, знаев дека клубот сака да ме задржи и не размислував за заминувае. Понудата од Саудиска Арабија беше огромна и тешко беше да се одбие. На крајот разговаравме со клубот и заедно одлучивме да останам.
Беше лудо…Колку повеќе велев „не“ на саудијците, тие нудеа се повеќе и повеќе. Не сакаа да се откажат, но едноставно јас бев одлучен во својата намера да бидам тука и оваа сезона“, изјави Осимен.