Дома Топ вести Како херој од филмска приказна: Цела кариера ја помина во Виљареал, а вчера заигра после три години

Како херој од филмска приказна: Цела кариера ја помина во Виљареал, а вчера заигра после три години

Фудбалерите на Виљареал вчера ремизираа на свој терен против Севиља (2:2) во рамките од 31. коло од шпанската Ла Лига.

„Жолтата подморница“ на два пати имаше предност во овој натпревар со головите на Алкасер и Торес, но гостите успеаа да дојдат до бод. Првиот гол за Севиља го постигна Ескудеро додека ремито им го обезбеди Мунир Ел Хадади во 63. минута од натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа натпреварот во Виљареал го обележа играчот на домашниот тим Бруно Соријано кој после три години конечно се врати на терените. Соријано во игра влезе во 88. минута и на неговото лице можеше да се види дека тоа е посебен момент за него.

Овој 36 годишен дефанзивец три години се мачеше со повредите, но за среќа успеа да се опорави и конечно да заигра. Тој доби и голем аплауз од своите соиграчи кога влегуваше на терен.

„Нема да лажам, неколку пати размислував да се откажам и да ја завршам кариерата бидејќи доживеав низа разочарувања. Беше тешко, но за среќа успеав да се вратам. Многу сум среќен што заиграв повторно. И во тие пет минути колку што бев на теренот се обидов да дадам се од себе“, изјави Соријано.

Соријано целата своја кариера ја помина во дресот на Виљареал. За овој клуб дебитираше во 2006 година и во претходните  години имаше понуди од други клубови, но не сакаше да го напушти клубот дури и кога Виљареал испадна од друштвото на најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…