Дома Фудбал Германија Како се започнало: Баерн бил сонот на Нагелсман, а Лајпциг не сакал да му стои патот

Како се започнало: Баерн бил сонот на Нагелсман, а Лајпциг не сакал да му стои патот

Јулијан Нагелсман на крајот од сезоната ќе го напушти Лајпциг и ќе се пресели на клупата на Баерн Минхе, ова денес беше потврдено од двата клуба.

Според „Билд“ Баерн ќе плати 25 милиони евра оштета што е нов светски рекорд помеѓу тренерите.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Желбата за соработка била од двете страни. Нагелсман од поодамна сака да го води Баерн, а извршниот директор на Лајпиг Оливер Минтзлаф изјави дека за Нагелсман седнувањето на клупата на Баерн е остварување на сонот.

„После гласините дека Баерн сака да го доведе, Нагелсман дојде и ни кажа дека за него тоа би било остварување на сонот и дека би сакал да се пресели во Минхен ако има шанса за такво нешто. Јулијан започна фантастично патување со Лајпциг и успешно го развиваше нашиот клуб. Со него потпишавме долгорочен договор кој не вклучуваше можност за разделба, но ние сакавме да ја почитуваме неговата желба. Му ветивме дека ако Баерн го побара ќе му ја отвориме вратата“, изјави спортскиот директор на Лајпциг.

Нагелсман е роден Баварец, а со клубот ќе потпише договор на пет години.

„Прерано е да с е простуваме затоа што не сум ја завршил работата во Лајпциг. Мојата мисија завршува на лето, до тогаш ќе работам со полн гас. Лајпциг е нешто посебно, но никогаш не сум криел дека Баерн за мене е нешто посебно и дека би бил среќен ако имам прилика да го водам“, порача Нагелсман по потврдата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн го прави Мусијала најплатен во Бундеслигата

Баерн Минхен и  Џамил Мусијала се во напредни преговори за продолжување на договорот …